Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска од местото во општината Ранковци, каде требаше да се гради фабрика на труската компанија Веибо, рече дека од инвестицијата нема никаков траг, туку само раскопано земјиште.
– Овде Груевски вети 6.000 работни места.Никогаш не се остварија. Не се инвестираа ветените 400 милиони евра!Никола Груевски сурово излажа!Овде има само раскопано земјиште.Ги нема никаде 10-те фабрики и погоните на Веибо во коишто требаше масовно да се вработуваат граѓани. До раскопаното земјиште има асфалтирана хеликоптеркска писта.Хеликоптерот на турскиот инвеститор никогаш не слета во Ранковце. Пистата е единствената реализирана инвестиција овде! – рече Шилегов.
Шилегов потенцира дека инвестициите на Груевски, кои како што вели, помпезно ги најавува во јавноста, во реалноста се само обична пустелија.