СДСМ и коалицијата вечерва одржува митинг во општина Аеродром. На митингот се обрати и кандидатот за градоначалник за Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека со овие избори ќе биде извршен политичкиот погреб на Никола Груевски.
-Оваа енергија, искрите во вашите очи, тоа е нашата убавина. Ова е мојот роден град, којшто не би го менувал за ниту еден друг. Да го вратиме животот и на локално ниво. Јас сум роден во Скопје, тука студирав, тука формирав семејство. За разлика од некои други, јас ниту за себе, ниту за моите деца не нудам алтернатива надвор од Македонија. Можевте да ја видите разликата изминативе 4 месеци, какви се тие, а какви сме ние. Докажавме, зборот е збор. Сетоа тоа ќе го докажаме и на локално ниво. Нема повеќе ликови како Коце Трајановски да ни го моделираат градот во фазон „Миле ми текна“, рече Шилегов.