701
Од синоќешното невреме не издржа ниту кровот на хемиското училиште. Градоначалникот Петре Шилегов потсетува дека кровот бил правен во време на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што вели, почнале да се прават спинови.
-Бидејќи вистината боли, па почнаа да спинуваат. Кровот на Хемиско е “реконструиран” во 2009 година, кога министер беше Никола Тодоров и тоа од страна на министерството. Квалитетот на “реконструкцијата” е видлив на фотографијава.
Годинава, ние ја реконструиравме фасадата на училиштето (енергетски ефикасна). Како што гледате, фасадата е во одлична состојба, што богами, за фасадите од Ск 2014 не може да се рече, напиша Шилегов на фејсбук.