Шилегов ќе ја руши галијата на шурата на Коце Трајановски

by fokus

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес конференција ја извести јавноста дека една од трите галии во Вардар ќе биде отстранета од Вардар, без тоа да предизвика финансиски трошоци за Градот.

– Градот Скопје во изминатиот период водеше сериозни правни постапки, со сериозна правна прецизност, за да се создадат услови за отстранување на првата галија од коритото на реката Вардар без да има опасност од било какви финансиски импликации по нашиот град. Условите се создадени и во рок од 30 дена корисникот на таа, таканаречена, урбана опрема е должен сам да ја отстрани. Во спротивно, тоа ќе го направи Градот на негов трошок, по истекот на овој рок, некаде по 10 април оваа година – рече Шилегов.

Градоначалникот Шилегов истакна дека безбедноста на граѓаните е на прво место, бидејќи имало сериозна опасност да ја загрози безбедноста на граѓаните, да се случи поплава.

-Дислокацијата на овој објект е втор што се отстранува, по споменикот на Ќосето  се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отстранување на други објекти, рече Шилегов.

Оваа галија е во сопственост на Ниче Димовски Македон, шурата на екс градоначалникот Коце Трајановски.

Шилегов појасни дека Анексот со сопственикот на галијата бил потпишан во 2016 година, а во 2018 година добил известување дека може да почне со работа. Но објектот никогаш не проработел, а сопственикот на галијата не плаќал ниту закупнина на Градот.

В.В.

Поврзани новости