Шилегов: Ја реновирам куќата поради инсталацијата

by fokus

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24, говореше за критиките упатени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која според него, се обидува да го дискредитира како личност.

„Мене ми е криво што нападите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон мене лично. Тие се со цел да бидам дискредитиран во очите на јавноста. Тоа не се напади на политиките на градот и јас од нив не успеав да слушнам со кои политики, проблемите да бидат решени. Што се однесува до куќата, ја реновирам поради застарената инсталација. Сепак тоа е нивно право и гледам дека има црна кампања против мене“, вели Шилегов.

Поврзани новости