645
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска рече дека побарал од општина Центар да ја предаде сопственоста на спомениците од „Скопје 2014“, за да може да почне нивна дислокација.
-Побарав од Општина Центар, покрај одржувањето, да ја предаде и сопственоста за ние потоа да можеме да влеземе во процес на дислокација на дел од спомениците од ‘Скопје 2014’. Барањето е поднесено, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, ги испитуваме законските можности дали можат советите на Општината и на Градот да донесат такви одлуки, односно да прифатат таква обврска. Меѓутоа, еве ги изборите, за еден месец ќе поминат, тоа ќе го реализираме во секој случај