446
Единствен проект на ВМРО ДПМНЕ беше укради колку можеш повеќе, рече денеска од собраниската говорница Петре Шилегов од СДСМ.
Toj додаде дека утре ќе биде изгласан Законот за локални избори, а на изборите како што рече ќе мора да се соочат повторно со граѓаните што ги излажале.
-Излезете со вашето диктаторче и со градоначалникот Франгов и објаснете зошто не е реализирано ништо од она што паушално го ветувавте. Единствен проект кој што го реализиравте беше укради колку што можеш повеќе. Овој проект го реализиравте во целост. Но, некои нема така комотно да си седат во овие клупи, ќе си седите за други клупи. Одговорно ќе одговарате за делата што ги направивте, рече Шилегов.