Шилегов и Царовска ја посетија гимназијата „Орце Николов“

by Fokus

Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование и наука, Мила Царовска по повод почетокот на учебната година ја посетија скопската гимназија „Орце Николов“, каде што наставата ќе се реализира онлајн.

Шилегов и Царовска имаа средба со директорот на училиштето, Митко Димовски, и со професорите и ним, како и на средношколците од Скопје, им посакаа успешна учебна година, изразувајќи уверување дека преку соработка ќе се надминат сите предизвици што ги наметна новиот начин на настава.

– За да се заштити здравјето на учениците и на наставниот кадар од ширењето на корона вирусот, новата учебна година стартува со почитување на строги протоколи и онлајн-настава која ќе се изведува преку националната платформа за учење од далечина, соопшти Град Скопје во чија надлежност се 23 средни училишта во главниот град.

Поврзани новости