На градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа му беа прикажани бројките од мометалното загадување во Скопје, кои се движат околу 100.
-Ова е неофицијална мерна станица. Имаме пет официјални: во Лисиче, во Центар, Карпош 4 и уште две. Јас и ден денеска мислам дека поранешната власт во добар дел е виновна за загадувањето. Она што го правам и упорно зборувам, без разлика дали тоа е популарно или не, туку за решавање на проблемот. Сега живееме во последниците од тоталната негрижа. За разлика од минатото кога бројките беа 1.000. Тогаш не гледавме активни мерки. Ако не му дадеме сериозен третман, тогаш не можеме да најдеме сериозно решение. Имаме решенија и полека, полека ги решаваме. Ова е првпат Градот да го води левицата, освен кога беше Пенов, рече Шилегов.