Грдоначалникот Петре Шилегов и скопските пожарникари не се договорија околу нивните барања за исплаќање на додатоците за плата.
Шилегов им понуди преку медијација, наместо со тужби, да ги добијат додатоците на плата, а измените во Законот за пожарникарство, со кои би се решил проблемот, нагласи, треба да стапат во сила во јуни 2021 година. Тој нагласи дека овој проблем е стар веќе 15 години и веќе се прават измени на законот.
Меѓутоа, пожарникарите не се задоволни и велат дека имало доволно време да се средат законските измени.
„Не сме задоволни од денешната понуда на градоначалникот кој е три години на функција. Имаше време да го среди Законот досега и ние ќе продолжиме со нашата агенда, односно протест пред Град Скопје. Протестот ќе биде секој ден во работното време на градоначалникот“, порачаа пожарникарите.