Шилегов и одговори на Арсовска: Улицата „Втора македонска бригада“ никогаш не беше избришана, таа е сега поранешна „Ловќенска 9“

by Fokus

Улицата Втора македонска бригада никогаш не била избришана, туку само преместена на друга улица вели поранешниот градоналачникот на Скопје Петре Шилегов. Меѓу новите имиња на улиците кои беа изгласани во неговиот мандат илицата Ловќенска 9 е преименувана во Втора македонска бригада, а улицата која порано се викаше Втора македонска бригада е преименувана во Адем Демачи.

„Улицата ‘Втора Македонска бригада’ никогаш не беше избришана во Скопје. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење. Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од која било страна, се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација со јавноста’, објави Шилегов на фејсбук.

Град Скопје денес соопшти дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднела иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност за промена. Таа ги повика сите советници да гласаат за иницијативата  со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада.

Поврзани новости