Шилегов: Груевски само глуми дека сака да го реши проблемот

by Фокус

-Не може политичката гарнитура која овозможи Сашо Мијалков ниту еднаш во 9 години да не се појави на отчет на работа на комисијата, која овозможи УБК без никаква контрола да прави бројни злоупотреби и ја предизвика политичката криза во Македонија, сега, под притисок на меѓународната јавност да глуми дека сака да го реши проблемот, рече денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

За одлуката на Собранието, пратеничките Грчева, Буралиева и Топузова-Каревска да бидат членови и заменик-членови во двете надзорни собраниски комисии за контрола на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и на прислушувањето Шилегов вели дека тоа е кукавички обид на Груевски. Напомена дека„ дури и претседавачот на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, којашто треба да биде предводена од опозицијата, надвор од здравата логика има Претседавач од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.“

-Извештајот на Прибе констатира ужасни состојби во Република Македонија. Тоа што Груевски сега се обидува со наводни акциски планови за ЕУ, наводни комплетирања на парламентрани комисии, закани за раководството на СДСМ и претседателот Заев со судски постапки за лажни дела, да го смирува своето членство покажува колку самиот Груевски е во агонија, рече Шилегов.

 

Поврзани новости