Градоначалникот Петре Шилегов информираше дека го разрешил директорот на ЈП Улици и патишта Сенад Смаиловиќ.
-Дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на фејсбук.
Скопскиот градоначалник освен информацијата за разрешувањето, не напиша зошто ја донел оваа одлука.
Денеска, пак порталот „Лидер“ објави дека наводно директорот бил уапсен со кокаин, а во продолжение објавија информација од полицискиот билтен.
-На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, – стои во билтенот на МВР.
Засега Смаиловиќ не се огласи во јавноста за да ја демантира оваа вест.