Шилегов го купил чадорот со кој ги удирале на 27 април

by Фокус

Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, кој беше пратеник кога пред точно 5 години се случи упадот во Собранието, раскажа интересна случка од крвавиот настан.

„Некаде ова време пред 5 години (лета времето), ордата веќе беше влезена во Собранието. Имаше еден чичко (дедо) кој во тој упад во Собранието, влегол со чадор. Со чадорот упорно удираше по Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и по мене.

По некое време, Дамјан го праша: Чиче, да ти го купам чадоров за 300 денари? Чичето одговори: мојов е скап, голем е, вреди барем 500. На Дамјан му дадов 1.000 денари. Му ги даде на чичето. Ни го даде чадорот за 1.000 денари и излезе од прес центарот на Собранието.

Ах, Македонијо … Те продадоа за 1.000 денари. Како бакшиш на певаљка (па макар и оперска) која денес глуми лудило пред Собрание…“, напиша Шилегов на фејсбук.

Поврзани новости