Шилегов: Две години Скопје стои во место

by Fokus

Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вестите на тв Сител рече дека главниот град загуби две години, поради неподготвеноста и непознавањето на материјата од страна градските власти, па системот за јавен транспорт во Скопје, Бас рапид транзит – БРТ, две години беше закочен.

– Нема стратешки недостатоци во проектот БРТ, тоа е фрлање прашина во очи на јавноста, истакна Шилегов, додавајќи дека на проектот БРТ работеа експерти од Лондон, Брисел, но и од земјава и сообраќајното решение е врз таква експертска основа, тендерот беше распишан пред изборите во 2021 година, но актуелната локална власт во Скопје ја прекина постапката.

Тоа е единствената издржана опција за современ јавен транспорт во Скопје – рече тој.

Шилегов зборуваше и за неисполнетото ветување на Арсовска за бесплатен градски превоз и додаде дека граѓаните се изневерени од лесни зборови кои не биле реални потенцирајќи дека единствена можност за поевтинување на превозот е БРТ, кој би ги намалил цените на јавен транспорт значително, за дури 70%

– Запрепастен сум од односот на сегашната локална власт кон граѓаните. Видовме што се случува со јавниот превоз во градот, прв пат имавме штрајк во јавниот превоз, автобуси речиси и да нема, уништен е системот на ЈСП. Тоа сето се удира врз граѓаните, цената ја плаќаат граѓаните – рече Шилегов.

Поврзани новости