Шилегов: Државниот инспекторат треба да направи инспекциски надзор во Усје

by fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа рече дека доколку тој би имал ингеренции врз Државниот инспекторат за животна средина би испратил инспектори во фабриката Усје.

-Фабриката Усје, како индустриски објект кој поседува А лиценца и интегрирана дозвола е одговорност на Државниот инспекторат за животна средина. Јас ако би бил во позиција да имам ингеренција на Државниот инспекторат, по основ на информациите за согорување на нус производи, сметам дека би требало да се направи инспекциски надзор и резултатите да се споделат со јавноста, вели Шилегов.

 

Поврзани новости