Шилегов: “Дрисла” ја вративме на Град Скопје

by fokus

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на фејсбук напиша дека депонијата “Дрисла” се враќа под ингеренциите на Град Скопје.

-Во Собранието  на РСМ денеска се усвоија измените на Законот за Јавни претпријатија. Сега, одлуката на Советот на Град Скопје може да се спроведе во Централниот регистар.

Ја враќаме Дрисла под ингеренции на Град Скопје, напиша Шилегов на фејсбук.

Уште пред пет месеци Советот ба Град Скопје ја донесе оваа одлука, но Централниот регистар одбиваше да ја впише промената.

– Советот на Град Скопје изгласа одлуки со кои се поништува претходната одлука за избор, но и се поништува целата постапка за избор на концесионер на депонијата „Дрисла“, со што по осум години правни игри, правни шпекулации и правни перипетии успеавме Град Скопје да го извадиме од тие лавиринти и конечно да ја исчистиме состојбата со претходно сериозно водена контроверзна постапка за избор на концесионер во „Дрисла“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов по завршувањето на седницата во јули.

Тој образложи дека со тоа „Дрисла“ се враќа повторно во системот на Град Скопје како јавно претпријатие. Претпријатието, како што рече, ќе треба да го реструктуираме, да го основаме со нов Управен одбор и со нов менаџмент се со цел да воспоставиме целосна контрола и врз „Дрисла“, но и да можеме да креираме нови комунални политики во нашиот град.

Според него, изминатите осум години Градот немал соодветен партнер во „Дрисла“ и очекува дека по ова ќе може да се зборува за еден сосема нов поинаков начин и на функционирање на „Дрисла“ и на креирање на комуналната политика во главниот град.

Поврзани новости