629
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска оствари средба со генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, на која дискутирале за состојбите во главниот град.
-Скопје за четири години целосно се промени, од град каде владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура – истакнал Шилегов на средбата.
Како што информира прес-службата на Шилегов, на средбата се дискутирало за поддршката за Шилегов од БЕСА, која е дел од владејачкото мнозинство, но на локалните избори настапи надвор од блокот на СДСМ.