487
Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов од собраниската говорница попладнево рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се способни повторно да ги внесат насилниците кои тепаа пратеници и новинари на крвавиот четврток со цел да не се разреши Зврлевски.
Според него, Зврлевски ја има вината и за тоа што не се презело речиси ништо за упадот во Собранието на 27. април, за Актор и за многу други случаи.
Му порача на државниот јавен обвинител дека свесно го застарел случајот со земање мито од Македонска банка.