461
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска ги повика партиите да почнат со преговори за договарање на условите за да може наесен да се организираат фер и демократски избори.
-Ако почнеме денеска и ако имаме минимум политичка волја, нема зошто до октомври да не се создадат услови за веродостојни избори – рече Шилегов.
Според него, со повлекувањето на аболициите и со одложувањето на изборите се исполниле минимални услови за организирање на фер избори. СДСМ сега бара формирање на техничка Влада за организација и спроведување на изборите „час поскоро”.