Шилегов: Чаир веќе не е заборавен од градските власти

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вечерва, од врата на врата, разговараше со граѓаните од Општина Чаир за завршените и идни проекти во оваа општина и за сето она што се од важно значење на чаирчани, информираа од СДСМ.

-Изминатите 4 години, во овој дел од Скопје вложуваме како никогаш до сега. Ако во минатото Чаир беше заборавено од градските власти, денес оваа општина се развива паралелно и забрзано со останатите скопски општини. Во Чаир, ја завршивме реконструкцијата на улиците Кемал Сејфула, Втора Македонска Бригада, Македонско-Косовска Бригада, Џон Кенеди и бул. Крсте Петков Мисирков. Изградивме два нови булевари, булеварот Босна и Херцеговина и булеварот Христијан Тодоровски Карпош, го проширивме и доградивме бул. Никола Карев (Пластичарска), како и направиме нов кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула, потенцираше градоначалникот.

Поврзани новости