Шилегов: Бутел е општина што најбрзо се развива

by fokus

Бутел е една од општините со најмногу важни капитални проекти и од тие причини најбрзо се развива, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната маалска средба во Бутел.

-Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница. Некогашната улица Босна и Херцеговина сега е модерен булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а наскоро започнуваме и со реконструкција на улицата Бутелска – посочи Шилегов.

Во делот на градското зеленило, додаде Шилегов, во Бутел подигнати се над 73.000 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 1800 садници.

-Граѓаните треба да знаат дека и на овие локални избори, СДСМ е убедлив фаворит далеку пред останатите политички конкуренти. Само со СДСМ е сигурен локалниот и регионалниот развој, само со СДСМ е сигурен напредокот и интеграцијата. СДСМ ве гледа во очи и ви ветува дека ќе оствари се што е во интерес на општината и граѓаните – посочи Шилегов.

Тој вчера беше на маалска средба и во Гази Баба.

Поврзани новости