„Девет не се кандидати, ова се девет луѓе со претензии за претседател на државата. Ќе се сведеме на 4 или 5 кандидати, извесно е фронтот меѓу ДУИ и обединета албанска опозиција. Не навлегувајќи во законското право, малку сурово ме потсетува на тоа кога секоја будалетинка помисли дека може да биде градоначалник на Град Скопје. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ ја добивме најдобрата будалетинка, па гледаме што ни се случува во изминатите 2,5 години во главниот град. Некомпетенто е луѓе кои се под секое ниво да бидат носители на било каква функција, поготово претседедател на државата, да бидат кандидати, да ги замараат граѓаните на гласачките ливчиња“ рече вечерва поранешниот пратеник на СДСМ и екс градоначалник на Скопје – Петре Шилегов во емисијата „Вин вин“ на тв Телма.
„Ова е вистината, дали е Шилегов е арогантен или не, мене ми е сеедно. Најголемиот сојузник на Македонија е вистината, се надвор од тоа се политички калкулации, поради тие калкулации сме на ова дереџе“ потенцираше Шилегов.