Петре Шилегов од СДСМ денеска на прес конференција рече дека иако наводно се залага за избори, ВМРО-ДПМНЕ во суштина прави се да ги одложи. Тој истакна дека на денешната координација координаторите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ молчеле кога биле прашани дали денеска ќе се распушти Собранието.
-Доколку навистина сакаат избори на 11-ти немаше да ја комплицираат ситуацијата. Секое ставање на дневен ред на нови точки го покажува очигледниот страв на Груевски од соочување со граѓаните. СДСМ бара Собранието да се распушти денеска и веднаш. Му порачуваме на Груевски дека без оглед на собраниските ујдурми слободни и фер избори ќе се случат на 11 декември, рече Шилегов.
Шилегов додаде дека лицемериието на ВМРО-ДПМНЕ нема крај, а владеачкото мнозинство повторно докажало дека не сака избори на 11 декември.