Шилегов: Автобусите постојано се дезинфицираат

by Fokus

Автобусите на ЈСП Скопје, секојдневно пред и после пуштањето во системот на превоз, се предмет на целосна дезинфекција, објави градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.

-Апелираме на смиреност и почитување на препораките на надлежните државни институции, како и на одговорно однесување кон колективното здравје, на секој од нас поединечно. Здравјето на секој човек е најважно.Фотографиите се од утринсково дезинфицирање, напиша тој.

Поврзани новости