Според Уставот, Судот за прекршоци е дел од независна судска власт, а не одделение во МВР, па полицијата да апси вработени Гордана Јанкулоска и МВР требало да се обратат до претседателот на Судот или до Републичкиот судски совет. Тие се должни да вршат надзор врз работата на судиите и нивната ажурност, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
– Така е во нормални демократски држави. Републичкиот судски совет, судиите, а особено Врховниот суд имаат должност кон граѓаните да го кренат својот глас против овој најнов упад во поделбата на власта и во судството, што го направи власта на Никола Груевски. Власта неуспешно се обиде да го одвлече вниманието на домашната јавност од најкритичниот Извештај на ЕК и даде уште еден аргумет на растечката загриженост на Комисијата за проблемите во судтсвото – смета гласноговорникот на опозициската партија.
Во Република Македонија, вели Шилегов, каде што има селективна правда и нема разлика помеѓу државата и партијата, апсењето судии и судски службеници од страна на МВР е уште една потврда дека судството е инструмент на полицијата и извршната власт.