Шилегов апелира да не се дозволи враќање на Скопје во стиропор и барок

by Fokus

Во сигурна победа во недела е убеден актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој брка втор мандат на вториот круг на локалните избори во Македонија. Тој на денешната прес-конференција уште еднаш ги повика граѓаните да го поддржат при гласањето за два дена.

„Ајде да се обединиме. Да не дозволиме на Скопје да се врати назад и да се трошат пари за стиропор и барок. Нашите деца, внуци, сегашни и идни генерации го заслужуваме Скопје како подобар град за живеење. Граѓаните препознаваат што е подобро и нема да сакаат да се вратат назад“, рече Шилегов.

Поврзани новости