618
Денеска беше средбата на градоначалниците со највисоките државни органи во Македонија за пописот кој е најавен во април месец.
Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов е цврсто убеден дека пописот ќе се случи, за како што рече, доброто на оваа земја.
„Ако сакаме иднина, мора да се случи пописот. Деструктивните повици против државата секогаш биле поразувани, па така ќе биде и овојпат. Сметам дека може да се организира пописот и мора да мислиме на иднината“, рече Шилегов.