Шибана работа

by Фокус

Со Бугарите како конститутивен народ, кои божемски учествувале во создавањето на македонската држава, се брише антифашистичкото минато на македонскиот народ, а бугарските фашисти ставаат „администратори“. Налудничаво, ама тоа е!

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Насловот на колумната е бугарски жаргон, од англискиот fucking job. На македонски е ептен вулгарен, како што впрочем е бугарскиот мръсен наратив кон и за Македонија.

Шибано означава нещо исключително неприятно, супер гадно, одвратително. Шибано време, шибан живот, шибана държава, всичко шибано!

Месецов, во престолнината Скопје, како рој од скакулци се навјасаа стројници од меѓународната глутница, еуфемистички наречена заедница, да ја армасаат таксаната од СДСМ и ДУИ веќе обесчестена Македонија.

Неканетите натрапници во разни ебиветарски формации, најчесто во „двојки“ или „тројки“, дали за свингерска журка, дали за друга шибана работа, со невидена леснотија даваат акал и апла се закануваат дека момата морала да го даде газот под кирија.

Во спротивно, ќе ја шкартирале од европејското шосе, проектирано и трасирано од Бугарија.

СРЕДЕН ПРСТ

Душа вадат стројниците да земат сè: знамето, името, идентитетот, историјата, јазикот, личниот опис. Фалело уште внесувањето на 0,19 проценти Бугараши во Уставот, кои отворено го негираат постоењето на македонскиот идентитет и јазик. Ја есапат по български наратив: хубава мома, която се фука за удоволствие. Просто, щибеняк!

Още повече: ретард со помал од 70 IQ, инфантилна, недорасната, недоветна, нетокму, лесна жена, калпазанка, забегана мекерета, какво ли не!?

За утешение, българското външно двулично казва че няма да има други условия, освен конституционните промени. Байганъовски тарикатлъци и Итарпејовски патрдии!

Ами как щe има? Тя още миналата година получи повече от двадесет нейни искания и условия от Македония, които са исцяло инкорпорирани и претставляват част от преговорната рамка на перверзното „френско предложение“?

Не се виновни ниту Бугарија, уште помалку ЕУ, бидејќи македонските ибрикчии и шиткачи, како „прле пред магаре“, сами си презедоа обврски!

На сите умотворенија, народот македонски покажува среден прст, ама родоотстапниците од „Фронтот за ЕУ“ не го фермаат. Душа му вадат со лаги и измами, или, народски, со избугарувања.

Бандоглавата троглава влада достави до пратениците предлог за уставни измени, за кои на 18 август е закажана собраниска седница.

Сщто като исто! Ја престорија честичката „ќе“ во идно време од глаголот „лажам“. Мафтосуваа со Преспанскиот договор, со кој преку забрана на користење на придавката македонски/а/о се избришаа националните, државни и институционални идентитети.

Сега, со Бугарите како конститутивен народ, кои божем учествувале во создавањето на македонската држава, се брише антифашистичкото минато на македонскиот народ, а бугарските фашисти ставаат „администратори“. Налудничаво, ама тоа е!

ПО ЃАВОЛИТЕ

Аминуваат на европејските Баба Роги, дури и со грандиозни епитети ги овенчуваат: „ЕУ мисионери“, „Министерска тројка“, „Вајмарска тројка“. Доживуваат бугарски оргазам, убедени дека никогаш не може да се смени преговарачката рамка.

Дефинитивно, во „Нашата земја“ не функционираат закони и конституција, туку сè е проституција.

Внесувањето во Уставот е „първата крачка“ од процесот на договорената преговарачка рамка. След това ще бъде всичко наред и отзът и отпрет, с петите напрет.

Со небулози од сортата „рехабилитација на стотина илјади бугарски жртви од комунизмот во Македонија“ или спречување „говор на омраза“ против Бугарија.

Измеќарите се откажаа од македонското малцинство во Бугарија. Се согласија Бугарашите да си получат државотворен статус и обща история, което означава менување на десетици и десетици закони, учебници, но и употреба на нивните симболи знаме и грб.

„Mакедонските Българи“ ќе формираат клубови и здруженија за заштита на бугарското културно наследство, кое го вклучува речиси целокупното македонско културно и духовно наследство, а во тој контекст и пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Благоевград и славење на 3 март како национален празник на Санстефанска Бугарија.

Ќе има неограничени права на вета за меморицид на македонизмот, сè додека не го затвори „Македонското прашање“.

Блудницата Вавилонска е изненадена и навредена што некои нејзини членки ја дискриминираат ЛГБТ заедницата, која била „основна европска вредност“. Инсистира поединецот да може да се чувствува и изјаснува како машко, женско или нешто сосема трето, без оглед на неговата генетика и полови атрибути.

Само Македонците отидоа по ѓаволите, бидејќи не им се дозволува да го изразат ниту своето национално чувство. К’во да се очаква като страната става пълен Ебанистан? Шибана работа!

Поврзани новости