Шевченко: Мораме да се обединиме, заедно ќе победиме

by fokus

Ризикот од војна на украинско – руската граница предизвикува потреси и во светот на фудбалот.

Во Москва на 24 март треба да се одигра баражот за пласман на Светското фудбалско првенство меѓу Русија и Полска, а веќе се слушаат гласини дека натпреварот би требало да се одигра на неутрален терен.

Такво барање денеска официјално испрати полскиот министер за спорт Камил Бортничук.

– Со оглед на состојбата, нашите спортисти не би требало да одат во Русија, изјави Бортничук за полските медиуми.

Одговорот од Москва експресно пристигна од поранешната олимписка победничка во уметничко лизгање Светлана Журова, која е актуелен заменик шеф на Одборот за меѓународни односи на руската Дума.

– Москва е најбезбедното место. Освен доколку нè сакаат да не бомбардираат, полската Влада има сознанија за тоа, а ние немаме … Барем нека не предупредат навремено, изјави Журова.

Во Русија треба да се одигра и финалето на Лигата на шампиони, кое на распоредот на 29 мај во Санкт Петерсбург, но се почести се барањата да се разгледа алтернативна локација.

Италијанските медиуми јавија дека денеска во Нион е одржан оперативен состанок на раководството на натпреварувањето, а од УЕФА порачаа дека „состојбата внимателно се следи“.

Овој викенд продолжува и украинското фудбалско првенство, а во фокусот ќе биде натпреварот меѓу Металист и Шахтјор што треба да се одигра во Харков, град оддалечен 40 километри од границата со Русија.

Во контекст на затегнувањето на односите меѓу Киев и Москва, украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко на својот Твитер профил ја објави украинската карта со полуостровот Крим и Луганс и Донбас, териториите на проруските сепаратисти во источна Украина, чија независност во понеделникот ја призна рускиот претседател Владимир Путин што предизвика страв од воен судир од големи размери.

– Украина е мојата татковина. Заедно минавме нив многу тешки периоди во овие 30 години кога се формиравме како нација. Нација на искрени и вредни луѓе, кои сакаат слобода. Ова се најважните денови за нас. Мораме да се обединиме. Заедно ќе победиме, порача Шевченко.

Поврзани новости