Шестнаесетгодишно дете на операција во Градската болница „8 Септември“ по денешните протести

by Fokus

Шеснаесетгодишно дете со потешка повреда на стапало моментално е на операција во Градската болница „8 Септември“, додека уште двајца со полесни повреди од шрапнел во рамениот појас се хоспитализирани, исто така во болницата по денешните протести на Aлбанците за случајот „Монструм“ потврди за „Фокус“ директорот на болницата, доктор Сашо Стојчев.

– Досега кај нас се хоспитализирани тројца повредени. Меѓу нив е 16-годишно дете, кое има потешка повреда на стапалото и уште други двајца. Детето се уште се наоѓа во операциона сала, каде што го оперираат нашите ортопеди и очекувам вечерта околу девет часот да ме известат како ќе помине операцијата. Детето сигурно ќе остане на болничко лекување, а претпоставувам и другите двајца. Во болницата досега нема донесено повредени полицајци – тврди доктор Стојчев. с

Солзавец, шок-бомби, огнено оружје, приведени лица и повредени полицајци е епилогот од денешните протести. Неколку илјади демонстранти протестираа против пресудите за доживотен затвор на шестмината обвинети во случајот „Монструм“

 

 

 

Поврзани новости