465
Најмалку шест лица загинаа, а над 20 се повредени откако едно лице отвори оган во новинската редакција на весникот „Капитал“, во Анаполис, Мериленд, јавија американските медиуми.
Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговарила на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените.
Локалниот шериф Рон Бејтмен изјави дека еден осомничен е уапсен.Федералното истражно биро соопшти дека нападот засега ќе го третира како локален инцидент, а не како терористички акт . Се уште не се познати мотивите за нападот врз редакцијата на „Капитал“