448
Една жена е потешко повредена, додека петмина други полесно, во сообраќајната несреќа што се случи утрово на автопатот Велес – Скопје, објави Телма.
Во велешката болница, според д-р Љупчо Леов, се примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци кои се со полесни телесни повреди и нагмечувања по телото.
АМСМ информираше дека на автопатот Велес-Скопје, кај местото викано Кула, околу 8 часот се случила сообраќајна несреќа. Во сообраќајката се судриле пет автомобили, поради што сообраќајот беше целосно затворен.