554
Шестмина граѓани, возачи и сопатници од „ауди“ и „форд“ се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Скопје во атарот на кумановското село Љубодраг, соопшти денеска МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „ауди“ З.И.(65) од с. Матејче, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците од двете возила В.А.(21) од с. Ропаљце, А.А.(62) и Ќ.А.(63), двајцата од Никуштак, констатирани во Општата болница Куманово“, соопштија од МВР.