269
Шест лица се повредени во експлозија на котел за греење во станбена зграда во градот Шанлиурфа во областа Акчакале во Турција.
Експлозијата се случила рано утрово и од нејзината јачина на урнал таванскиот дел на подрумот и се искршиле прозорците на становите во петкатницата.
Шестемина повредени се пренесени во болница. Според локалните власти, не се работи за животозагрозувачки повреди.