Шестмина новинари осудени на доживотен затвор во Турција

by fokus

Турските медиуми денеска објавија дека Судот во Истанбул осуди шест новинари на доживотни казни затвор обвинети за вмешаност во обидот за државен удар во 2016 година.

Меѓу осудените денеска се поранешниот уредник на весникот „Тараф“ Ахмет Алтан, неговиот брат, новинарот и академик Мехмет Алтан и истакнатиот новинар Назли Иличак.

Новинарите беа обвинети за поврзаност со исламскиот свештеник од САД Фетилах Ѓулен, кого Турција го обвини за неуспешниот обид за пуч во јули 2016 година. Ѓулен ги отфрла обвиненијата.

Поврзани новости