Шести ден нема информација каде е Алексеј Навални – не се појави ниту на суд

by Fokus

Соработниците на водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска изјавија дека неговите адвокати, а ниту тие, не го слушнале или виделе веќе шест дена.

Навални, кој отслужува затворска казна поради повеќекратни пресуди, требаше да се појави денеска на суд преку видео врска, но не се појави, изјави неговата портпаролка Кира Јармуш, пренесе Ројтерс.

Таа рече дека управата на затворот констатирала дека има проблеми со струјата, но и дека адвокатите претходните денови не можеле да стигнат до Навални.

„Ова е шести ден по ред што не знаеме каде е Алексеј и што се случува со него“, изјави Јармуш на платформата Икс.

Навални (47) е во затвор од јануари 2021 година, а отслужува 30-годишна затворска казна, меѓудругото, и за екстремизам.

Поврзани новости