798
Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската полиција. Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише.
-Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.