Шестгодишно дете почина при пад од трактор во Делчево

by Фокус

При пад од трактор, почина 6 годишно дете во Делчево. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете, кое веќе било во кома.

„Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во кочанската болница, но детето починало пред пристигнувањето на болницата, каде била констатирана смрт“, информираат од делчевскиот Здравствен дом.

Јавен обвинител е запознаен за случајот, а починатото дете се уште се наоѓа во кочанската болница. Според очевидци, детето починало по пад од трактор, со кој управувал неговиот тетин.

Поврзани новости