Меѓу трите жртви во вчерашниот напад на детската болница во Мариупол има и шестгодишно дете изјави за Би-би-си заменикот градноачалник, додавајќи дека во нападот се повредени 17 лица.
„Последната информација која ја имаме за жртвите е дека поголемиот дел од посетителите биле во засолниште. Меѓу повредените главно се трудници и лекари кои работат во болницата“ – вели Сергеј Орлов.
Нападот во Мариупол дојде во време додека десетици илјади украински цивили се обидуваат да ги напуштат областите кои се под постојано руско бомбардирање.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутиереш ги осуди нападите, апелирајќи насилството да престане веднаш.
„Денешните напади врз болницата во Мариупол во Украина, каде се наоѓа детска клиника и породилиште се ужасни. Цивилите ја плаќаат највисоката цена за војната која нема никаква врска со нив. Ова бесмислено насилство мора да сопре. Престанете со крвопролевањето веднаш“, напиша Гутиереш.
СЗО сопшти дека потврдила 18 напади врз медицински установи од почетокот на руската инвазија пред две недели. Од светската организација велат дека потврдиле и 10 смртни случаи во нападите врз здравствените установи и амбулантите од почетокот на борбите.