516
Шест жени минатата година, во Македонија, биле жртви на трговија со луѓе, од кои три се малолетни девојчиња. Пет од нив пак имаат македонско државјанство, а една била од друга држава.
Ова се официјалните податоци кои денес здружението за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена порта, ги презентираше во Штип. Сепак бројот на жртви е многу поголем, тврдат од невладиниот сектор.
Едномесечната кампања под мотото “Што гледаш? Биди нивниот глас” има за цел да ја подигне јавната свест, да ја препознаат трговијата со луѓе, но и да ги поттикнат да побараат совет. Најризична група се тинејџерите, односно лицата на возраст од 13 до 18 години.
Покрај трибини во рамки на кампањата е предвидено да се дистрибуираат превентивни материјали, а има отворено и телефонска линија каде што можат да се јават сите кои се соочиле со трговијата со луѓе.