Шест затвореници беа убиени вчера во затворски бунт во Гвајакил, во југозападен Еквадор, каде што повеќе од 430 загинаа во насилства во затвор од 2021 година, објавија властите.
„Во инцидент што избувна во еден од деловите на затворот Гуајас 1, загинаа шест лица“, соопшти затворската управа.
Од обвинителството додаваат дека поради немирите што избувнале вчера се спроведуваат безбедносни протоколи.
„Во наредните часови, специјализиран воен персонал ќе ги изврши првите рации и извидување во округот 7, каде што наводно започнале инцидентите, со цел да се преземе контрола над ситуацијата“, додаваат од обвинителството.
Гуајас 1 е еден од петте затвори што го сочинуваат големиот затворски комплекс во Гвајакил.
Често има конфликти меѓу затворениците поврзани со трговија со дрога, кои сакаат на тој начин да дојдат до власт.