Шест пожарникари со две возила го гасат пожарот на депонијата во Штип

by Fokus

Пожар беснее на територијата на градот Штип, поточно гори депонијата „Трештенска Скала“.

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип извести дека во 13:25 часот започнат е пожар на депонија „Трештенска Скала“ во близина на градот Штип.

„Пожарот е проширен надвор од депонијата и зафатена е ниска вегетација, а во мометот интервенираат 6 пожарникари со 2 противпожарни возила од ТППЕ Штип“, соопшти РЦУК  Штип.

Од Штипската противпожарна бригада се повикани и останатите пожарникари да се вклучат во гасење на пожарот.

 

 

 

Поврзани новости