636
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се починати шест пациенти од корона вирус.
Тројца од нив се од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6932, бројката на оздравени пациенти е 2987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3611.