Шест Палестинци загинаа во израелска операција на Западниот Брег

by Fokus

Денеска израелските сили убија шест Палестинци во селото Куфр Дан, на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија соопшти дека четворицата убиени се вооружени милитанти, кои биле убиени во размена на оган со војници во Куфр Дан, во близина на палестинскиот град Џенин.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како невооружен ранет лежи на патот и вика на толпата да повика брза помош, а потоа е застрелан во ногата.

Поврзани новости