Шестмина офицери на пакистанската армија загинаа во уривање на хеликоптер што е втор ваков инцидент во речиси два месеци, соопшти денеска војската.
Како што пренесува ДПА, несреќата се случила во југозападната провинција Белучистан, која граничи со Авганистан и Иран.
Во сличен инцидент во истиот регион на почетокот на август загинаа шест пакистански војници, вклучително и еден регионален командант. Војската соопшти дека несреќата била предизвикана од технички дефект.
Една од бунтовничките групи активни во областа тогаш рече дека го собориле хеликоптерот, но нивното тврдење беше дочекано со сомнеж бидејќи не можеа да го поткрепат со никакви суштински докази.
Војската соопшти дека последната несреќа е исто така несреќен случај, но не наведе конкретна причина.