669
Во периодот од 5-ти до 6-ти септември регистрирани се шест нови случаи на корона вирус во училиштата во Македонија.
Станува збор за четири заразени ученици кои посетуваат настава во две средни училишта во Штип и две основни (Штип и Општина Карбинци).
Од друга страна, заразени се и двајца наставници од основни училишта во Гостивар, информираат од Институтот за јавно здравје.