Шест нови случаи на корона вирус, 10 оздравени пациенти

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се шест нови случаи на КОВИД-19 од Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.

 

Поврзани новости