453
Пеесет и осумгодишниот С.Р. од Скопје синоќа бил нападнат од шест непознати лица додека ја чекал својата девојка на клупа пред зграда, информираат од МВР.
Според полицијата, во 01:30 часот во Скопје на улицата „Боро Менков“, додека С.Р.(58) од Скопје, ја чекал неговата девојка, бил физички нападнат од страна на шест засега непознати машки лица, на возраст од 30-45 години, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, по што се упатиле во непознат правец. Причина за нападот била што истите не му дозволувале да седи на клупата која била пред самата зграда. Во нападот, С.Р. се здобил со тешки телесни повреди и фрактура на 8-мо ребро.