Шест месеци условна казна и за советникот Ристевски, кој призна вина за насилството во Центар

by fokus

Шест месеци условна казна доби и Јордан Ристовски, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ, во општина Центар, кој призна вина како обвинет во случајот за „Насилството во општина Центар“. Пресудата веднаш станува правосилна бидејќи обвинетиот се откажа од жалба до Апелација, а жалба нема да поднесе ниту СЈО.

Поранешниот советник Ристески, пред судот рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени, давајќи ветување дека во иднина нема да стори кривично дело.

Тој е втор обвинет во овој предмет, кој ја признава вината, откако истото го стори и советникот Томислав Лазаров, кој доби условна казна од шест месеци.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор и точно ја опиша улогата која ја имале дел од обвинетите во овој случај.

-Локација од која извира идејата за настанот е од мозокот на Никола Груевски, а веднаш по него е послушникот Миле Јанакиески. Лазаров е еден од потикнувачите на извршителите на насилството, рече Фетаи.

Поврзани новости